Saturday, April 6, 2013

S.U.B. - Интервју со Дј Бејли.




Неделава направивме интервју со водителот на радио емисијата која траеше 10 години на BBC 1 Xtra. Започна снимајќи и пуштајќи микс изданија за пријатели, клубови и пиратски радио станици. Подоцна стана ДЈ за издавачката куќа Metalheadz, во која е член до ден денеска. Има издадено неколку траки за Metalheadz, CIA, Full Cycle, Protechshon. Денеска тој постојано патува низ светот, а воедно започна со едно месечни подкаст изданија на mixcloud (http://www.mixcloud.com/BaileyIntabeats/) во партнерството со “Serato”. Вие ќе можете да го чуете на 13 април ворамките на Ран-Мк фестивалот во Штип (http://run.mk/).
 
 SUB: Се прашував себеси доколку имам шанса да правам интервју со тебе, како би го започнал. Така што моето прво прашање би било: Дали ти недостига студиото,
микрофонот, и целата таа возбуда пред емисијата?

 * Многу. Приближувајќи се кон микрофонот секоја недела и да си во можност слободно да ги преставуваш сите страни на драм ен бејс музиката, во живо низ цел свет, стана витална алатка не само за мене туку и за илјадници слушатели. Тешко е да најдеш место каде што можете да се изразите себеси на тој начин без притисок. Добив големо задоволство правејќи го
тоа.



  SUB: Јас бев еден од илјадниците слушатели кои ја слушаа твојата последна емисија на BBC 1Xtra. Имаше многу муабетење онлајн, а во студиото ти беше почестен со гостување од најголемите имиња на драм ен бејс индустријата. Низ сета емисија можеше да ја почувствуваш енергијата која лебди низ студиото и онлајн. Моментите на “Единство” праќаа морници низ светот. Тие моменти се толку ретки, особено во глобална рамка.

Знам дека ти е тешко, но што размислуваше во тие моменти, дали беше свесен каков P.L.U.R. момент се случува додека целиот свет беше вклучен давајќи ти почит за тие 10 години поминати во BBC 1Xtra?


 * Тоа беше како вон телесно искуство гледајќи колкава почит ми беше покажана кон мене таа вечер. Легендарни Дји и продуценти кои ретко се присутни некаде освен кога работат, дојдоа да дадат поддршка. Не можев да поверувам дека сето тоа беше за мене, но токму тогаш сфатив дека моите напори и се она што го презентирав во последните 10 години беше нешто посебно. Мислам дека тие и сите останати кои слушаа сфатија дека јас сум таму за да ја буткам, зборам и го почитувам целосно наследствово на драм енд бејсот. Не беше за мене, за его или бренд. Јас бев таму за да се осигурам дека секој знае што ние љубителите на оваа заразна музика
сме всушност, од каде сме дошле, каде сме сега и каде одиме. Тоа е се за што се грижам.



  SUB: Како продуцент имаш издадено неколку траки за Metalheadz, CIA, Footprint muic. Дали да очекуваме нови изданија од тебе?

 * Скоро имам направено ремикс за KOF, Damian Marley & Nas, Chipmunk & Trey песни кои се излези. Исто така имам направено ремикс на Zero T & Script песната ‘Guessing Games’ за издавачката куќа Footprint. За која исто така имам издадено ремикс на Kryptic Minds ‘Hide The Tears’.
  

   SUB: Откако заврши со емисијата и обврските во BBC1Xtra, ти ја започна својата глобална турнеја. Повеќето твои ДЈ-колеги се константно некаде на патот низ светот преку цела година, а потоа тие го прават тоа повторно, итн. Некому тоа му изгледа на совршена работа, додека другите не го можат тоа постојано патување од место до место. Една работа е да патуваш само за викенди, јас зборам за напорни турнеи.

  Каде се наоѓаш ти во сиот тој метеж? Дали ти се допаѓа тој 24/7метеж од
журки и луѓе, или само ги затвораш очите движејќи се од место до место. И
би те замолил да ни го опишеш таквото доживување.


 * Дефинитивно има полоши работи во светот, но поголемиот дел од времето има повеќе работа отколку пуштање. Обичниот ден на турнеја се состои главно од редици, авиони, возови и автомобили што може да изгледа како да е лесно, но не можеш да здобиеш вистински одмор бидејќи си постојано во движење. Додека стигнеш до хотелот, имаш 1 час да јадеш, да се подготвиш себеси и музиката, а потоа во клубот, пушташ неколку часа, стануваш рано наутро и повторно се враќаш на аеродромот спремен за наредниот град. Во суштина лоша исхрана, алкохол и недостаток на спиење лесно ќе те стигне, ако не се држиш со темпото правејќи го тоа ден по ден.




   SUB: Кои се твоите музички идоли од детството? Каква музика може да се најде во твојата колекција?

 * Јас бев растен со звукот на Motown и слични артисти како Stevie Wonder, Marvin Gaye и Diana Ross тоа беа моите омилени артисти. Така ја паметам мајка ми пеејќи и играјќи низ куќата кога бев мал. Исто така слушавме доста од John Holt, Bob Marley, Jimmy Cliff и Burning Spear. Покрај тие имиња имам доста широк спектар на музика што сум собрал во текот на годините од Поп до Техно, но најголемиот дел од нив се состои од Хип Хоп и секако Драм енд
Бејс.



     SUB: Кои се твоите најомилени драм енд бејс траки?

1. A Guy Called Gerald – Anything (Columbia)
2. Splash – Babylon (Dee Jay)
3. Dom & Roland – Thunder (Moving Shadow)
4. Calibre – Second Sun (Signature)
5. Tom & Jerry – Dancer (Tom & Jerry)
6. Total Science – Tight Fit (Metalheadz)
7. Dillinja – Heavenly Bass (Logic)
8. Photek – Seventh Samurai (Photek)
9. Breakage – Ask (Bassbin)
10. Firefox & 4-Tree – Warning (Philly Blunt)



   SUB: Кажи ни како дојде во Metalheadz?

 * Назад во 1994 во рејв кој беше одржан од Moving Shadow во Equinox, Централен Лондон, пријател кој беше член во Intanatty Crew MC Flux ме запозна со Kemistry и Storm. Тој им кажа дека настапувам со нив и дека имам неделна радио емисија на пиратско радио наречено Energy FM. Тоа е едно од повеќето запознавања кои за мене ги направи Flux во текот на таа година, јас мислев дека ова едно од тие запознавања каде што сакаше да ме запомнат луѓето. Ни на крај памет дека Kemisty и Storm решија да ја чујат мојата емисија. Тие ме повикаа неколку недели подоцна велејќи ми дека има нов клуб во кој беа инволвирани прашувајќи ме дали сакам да
пуштам. Секако јас прифатив без да знам дека тој клуб ќе стане еден од најбитните клупски вечери во ДНБ историјата..., Metalheadz.



   SUB: Зошто ја сакаш драм енд бејс музиката?

  * Ги има елементите на секој тип на музика со која растев. Брејкбит од Хип Хоп, мелодии кои потсеќаваат на Motown влијанија и експериментални текстури кои ме враќаат кон моите денови на техно.



   SUB: Знаејќи го фактот дека днб музиката доаѓа од 6 секунден прелаз кој беше отсвиран од тапанарот на Winstons – “Amen Brother”, кој многу подоцна прерасна во глобално драм енд бејс движење, со своја сопствена култура, плус правејќи уште многу други музички жанрови итн. Кој е твојот поглед кон таа приказна и тие 6 секунди?

  * Тоа е погрешно да се каже дека ДнБ доаѓа само од овој loop. Постојат многу
други брејкбит ритми кои придонесоа за ДнБ-от, од кои повеќето доаѓаат
од бендот на James Brown “The JB’s”. Само случајно овој особен брејкбит
звучно е најдобар но нема потреба од додатни слоеви за да се истакне.
Затоа и толку многу се користи.



   SUB: Кажи ни го твоето видување на сегашната состојба на днб продукцијата низ светот, и знаејќи дека имаш тон не-издадена музика, кои се младите сили што треба да ги следиме?

 * Тоа што сакам кај днб продукцијата низ светот се гладните собни продуцентите кои немаат што да докажат никому, освен на самите себеси, без ограничувања, граници или притисок за да се вклопи во она што е популарно. Оттаму ги добиваш добрите резултати. Би кажал следете го
Sevin, Acid Lab, Savage Rehab, Penny Giles и Total Recall колку да спомнам неколку. Квалитетот и конзистентноста на материјалот на овие уметници е од висок стандард.



  SUB: Која е преломна точка од историјата на днб музиката остави впечаток врз тебе?

  * Немаше веќе враќање назад после албумот на Goldie “Timeless”. До тогаш јас веќе имав легендарен статус на резидент диџеј во неделните сесии на Metalheadz во клубот Blue Note. Тој албум ме обзема мене, клубот како и целата сцена на сосема ново ниво.



  SUB: Прв пат имаш настап во Балканот. Дали некогаш си слушнал за Македонија?

  * Имам слушнато за Македонија но не знам ништо за тамошната култура. Возбуден сум што одам да разгледам сосема друг дел од светот и да видам како реагираат на днб звукот преку Англичанец (Мене) кој веќе 20 години живее и дише днб.



   SUB: Неодамна бевте почестени како еден од дваесетте пионери во светот на днб музиката во статија на реномираниот музички весник VIBE Magazine. Ти си член на Metalheadz од самиот почеток. Твоето име е познато низ светот поради тие 10 години поминати во 1Xtra. Ти си почитуван Дј поради техничкото и музичкото знаење. Дали сето тоа вредеше, и како си задоволен поради тоа што имаш оставено трага врз глобалната драм енд бејс сцена?

  * Да си почестен од списанието кое првично е формиран од Quincy Jones за Хип хоп и РНб публика само по себе е вистинска награда за личните жртвувања кои сум ги направил за да бидам дел од оваа сцена. Тоа е знак дека јас давам вистински придонес кон музиката што ја сакам. Сепак, колку и да се важни, јас не го правам тоа што го правам за овие признанија.
Јас го правам тоа за да се помогне во зачувувањето на долговечноста на музика која заслужува повеќе почит дури и од свој земја, односно Велика Британија. Јас не верувам дека има друга независна музика од Велика Британија која трае толку долго и која навлезе во светот до степенот кој ДНБ музиката допре, и се надевам дека еден ден во Велика Британија ќе ја
прифатат оваа музика како што САД се предвесник за Хип Хоп музиката.Тоа е се што сакам.



  SUB: Некоја мудрост?

 * Од искуство во оваа индустрија и животот воопшто, разберете дека луѓето секогаш почитуваат поединец кој не се плаши да биде свој без разлика колку е хипер или изладен колку што поединец може да биде. Самодовербата е она што ги привлекува луѓето кон вас. Бидете свои.



Благодарам за интревјуто се видиме на Run-Mk во Штип. (Д.С)

Објавениве материјалите  се наменети за промотивни цели и лична употреба.
© 2013 Авторот ги задржува сите права и секое неовластено објавување и препечатување на материјалите ќе се смета како повреда на авторските права на авторот и повлекува консеквенци за прекршителот.

No comments:

Post a Comment